Ivana Ramadanova
24 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски од денеска ќе престојува во официјална посета на Исламската Република Иран, соопшти Министерството за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на посетата, Попоски ќе оствари средби со неговиот ирански колега Џавад Зариф, претседателот на Иран, Хасан Рухани, претседателот на Исламското Собрание на Иран, Али Лариџани и министерот за култура и исламско водство, Али Џанати.
Во рамки на посетата, предвидено е да се одржи македонско-ирански бизнис форум.
Ова е прва официјална посета на министер за надворешни работи на Република Македонија на Исламската Република Иран.