Ekipa
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а 97 се повредени во земјотресот кој го погоди иранскиот главен град Техеран, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Националната агенција за управување со кризи, Исмаил Некар, потврди дека во земјотресот со јачина од 5.2 степени според Рихтер, регистриран синоќа во подрачјето на Малард и Казвин во Техеран, починаа две лица.
Според Муртазе Селими, директорот на екипата на терен од иранската Црвена полумесечина, во Техеран, Казвин и Елборг повредени се 97 лица. Епицентарот на земјотресот е регистриран во Малард, на длабочина од седум километри.
Во ноември оваа година, западниот дел на Иран го погоди земјотрес од 7.2 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа над 600 луѓе. Во земјотресот со јачина од 6,6 степени во 2003 година, историскиот град Бам беше уништен, а животот го загубија околу 26.000 луѓе.