Admir Fazlagic
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Македонија (МНР) изрази длабоко сочуство за семејствата на сите загинати и повредени во вчерашниот терористички напад во Минхен и соопшти дека досега нема информации за повредени или загинати македонски граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија. Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани", се вели во соопштението на македонското МНР.