Nazmi Abduramani
01 Август 2017•Ажурирано: 02 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Европската Унија (ЕУ) го поздрави потпишувањето на билатералниот договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, се вели во заедничката изјава на високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, и комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Овој договор ја покажува посветеноста на двете страни за надминување на билатералните прашања и претставува инспирација за целиот регион. Ова е позитивен чекор во добрите меѓусоседски односи и за зајакнувањето на европската перспектива на Поранешната Југословенска Република Македонија во интерес на своите граѓани“, се вели во заедничката изјава на Могерини и Хан.
Претседателите на владите на Република Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, во Скопје потпишаа договор за пријателство, добрососедство и соработка. Премиерите на двете соседни земји на заедничка прес-конференција истакнаа дека потпишувањето на договорот е пример за добрососедски односи меѓу двете земји и ова покажува дека земјите од регионот имаат европско лидерство.