Aldıjana Hadzıc
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Во Лос Анџелес, САД, синоќа одржана е гала вечер и доделување на награди во рамките на модната недела Метрополитан, јавува Anadolu Agency (AA).
Необичните костими, врвните дизајнери и претпознатливите имиња од светот на модата како и одличните организации беа само некои од причините зошто картата беше толку побарувана за еден од најважните настани во годината, кога станува збор за модата.
Натпреварувањето се состоеше од осум категории. Присутните имаа прилика да ги видат необичните креации на дизајнерите Павлина Попоска, Рикард Солтер, Ерика Бендан...
Посебно внимание привлече костимот „Фрида”.
Модната недела започна на 22 септември, а одржана е во Лос Анџелес, Лас Вегас и Сиетл.