Ekipa
22 Август 2020•Ажурирај: 29 Август 2020
ПАРИЗ (АА) - СИНДИ КУК -
Пандемијата на коронавирусот ја направи заштитната маска за лице главен дел од нашата секојдневна гардероба. Она што некогаш беше резервирано само за хирурзите сега е парче што го носиме често колку и нашите чевли и кошули, пишува Агенција Анадолија (АА).
Поради тоа, маските од ткаенина се дизајнираат во најразлични дезени и бои. Во многу кругови, особено оние ориентирани кон модата и стилот, маската стана повеќе еден моден додаток отколку едноставно покривање. Најзначајниот тренд во 2020 година може да бидат модата за лицето, а не следната чанта во мода.
Модната дизајнерка Никол Милер се фокусираше на изработка на маски уште на почетокот на пандемијата. Дизајнерката сфаќајќи дека потребата е голема, донела една од нејзините машини за шиење дома и започнала со изработка на првите маски.
„Ги направив првично за нашите продавници и пријатели. Кога сите почнаа да ги бараат, морав да скројам повеќе маски, а шивачите доаѓаа ги земаа и ги шиеја дома“, рече таа за Агенција Анадолија. „Користевме винтиџ ткаенини, разни принтови и техниката боење на ткаенина. Не верувам во маските „носи-фрли“ освен во услови кога немате. Тие се добри за здравствените работници, но искрено, тие аква маски изгледаат ужасно!
Милер, која со децении е дел од модната сцена во Њујорк и има многу меѓународни клиенти, вложи време и напор во дизајните, кои сега ги продава на својата веб-страница и во нејзините продавници. Секоја маска има жица за носот, мека е и еластична и има џеб за филтер. Направени се најразлични дизајни за да одговараат на облеката од нејзините колекции.
„Нашето мото е 'Бидете безбедни и бидете шик'!“- вели Милер. „Секој во Њујорк носи маска и мислам дека затоа вирусот драматично опадна овде. Сите се многу сериозни во врска со маските. Не можете да влезете во продавница без маска.“
Позната по своето беспрекорно чувство за стил, Луис Камуто ја вклучи маската како дел од нејзината гардероба. Како бренд советник и поранешен главен креативен директор во Винс Камуто, додавањето на нов додаток во нејзиниот плакар е лесно.
„Сакам да носам маска што се совпаѓа со она што го носам. Купив многу стилови на маски ова лето - цветни, потоа со забавни принтови, со светло сини ленти, морнарска со сидра, секако црна и неколку во јарки бои, од кои и во жолта боја, која летово беше голем тренд“.
Камуто вели дека не ги претпочита хируршките маски бидејќи не обезбедуваат голема заштита како што се маските од ткаенини, односно според неа колку подебела ткаенина, толку подобра заштита.
Патувањето претставува уште поголем предизвик, вали Камуто.
„Во моментите кога мислам дека може да има поголема изложеност како во авион, носам хируршка маска под модната маска за дополнителна заштита“, рече Камуто за АА.
Бетина Зилка, модна и писателка за животен стил за „Форбс“ и за други публикации, е позната во општествените кругови на Менхетн по својот одличен вкус и смисла за мода. За неа маските се и секојдневно парче од гардеобата.
„Ги претпочитам хартиените маски за еднократна употреба. Но, понекогаш, ако сакам да бидам малку „пофенси“, ги носам моите маски од Никол Милер. Никол започна да ги прави уште на самиот почеток. Тие се навистина многу убави и забавни“, рече Зилка, која е пријателка со дизајнерката.
„Ме прави навистина среќна да носам маски направени од мојата добра пријателка. Ги купив веднаш штом таа почна да ги прави!“
И модниот дизајнер Алвин Вали, исто така, многу рано започна со дизајнирање свои маски кои ги дели во своите продавници во Саутхемптон, Њујорк. Познат како „Кралот на панталоните“ меѓу модните критичари за маестрално изработуваните панталони, Вали одржа колекција во која додаде и марами и маски за покривање лице.
„Ги изработувам во најразлични принтови, некои од ткаенините што ми се останати од други проекти. Сметам дека маската е уште една можност да се создаде поинаков и индивидуализиран изглед, додека во истовреме да се остане здрав и безбеден“.