Kemal Zorlak
05 Март 2016•Ажурирај: 06 Март 2016
МОСКВА (АА) - Повеќе стотици граѓани на Русија се собраа денес во главниот град Москва за да ја одбележат 63-годишнината од смртта на поранешниот лидер и диктатор на Советскиот сојуз, Јосиф Висарионович Сталин, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата е организирана на московскиот централен Црвен плоштад. Голем број граѓани и членови на руската Комунитичка партија полжија каранфили на гробот на Сталин, кој се наоѓа во подножјето на ѕидините на Кремљ во Москва.
Сталин беше грузиски револуционерен марксист а подоцна доживотен диктатор на СССР (1928-1953 година). Роден е на 18-ти декември 1879 година во Гори како син на чевлар и поранешен кмет.
Беше студент по теологија на Православната семинарија во Тифилис од која е исклучен во 1899 година бидејќи една година претходно ѝ се придружил на илегалната руска Социјалдемократска работничка партија.
Сталин како диктатор на Советскиот сојуз владееше полни 25 години, а се смета за одговорен за смртта на околу 20 милиони луѓе.