Kemal Zorlak
25 Март 2016•Ажурирано: 26 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1611 - Роден е Евлија Челебија, турскиот патеписец.
1655 - Холандскиот математичар, физичар и астроном ја откри најголемата месечина на Сатурн, Титан.
1807 - Во Велика Британија и Ирска е забранета трговијата со робови.
1947 - Роден е Елтон Џон, англиски пејач и текстописец.
1948 - Основана е фабрика за сметачки машини, Загреб.
1957 - Западна Германија, Холандија, Луксембург, Италија, Франција и Белгија потпишаа Римски договор за основање на Европската економска заедница.
1976 - Роден е Владимир Кличко, украинскиот боксер.
1992 - На денешен ден пред 24 години, рускиот космонаут Сергеј Kрикалев се врати на Земјата откако на вселенската станица „Мир” помина 311 дена, 20 часа и 1 минута. Наречен е „последниот граѓанин на СССР”, бидејќи СССР се распадна додека тој беше во орбитата.
1999 - Во пожарот кој зафати околу 30 возила во тунелот под планината Мон Блан, загинаа најмалку 40 луѓе.
2002 - Филмот „Ничија земја” на босанскиот режисер Денис Тановиќ ја освои наградата „Оскар” за најдобар странски филм.
2002 - Во силен земјотрес во Авганистан и во северозападниот дел на Пакистан загинаа околу 1.800 лица.