Şerife Çetin
14 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - НАТО се огласи за купувањето на одбранбениот ракетен систем S-400, кој Турција го купи од Русија, и порача дека сојузниците на НАТО сами донесуваат одлука во врска со купувањето на воената опрема, јавува Anadolu Agency (AA).
По медиумските известувања во Турција кои се повикуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, неименувано официјално лице на НАТО за АА изјави дека Столтенберг не давал изјави за медиумите.
Кога е во прашање купувањето на одбранбениот ракетен систем, официјално лице на НАТО изјави дека сојузниците на НАТО сами донесуваат одлука за тоа која воена опрема ќе ја купат.
„Она што е за нас е важно е тоа опремата да одговара на онаа што ја користи НАТО. Исто така, многу е важно и клучно вооружените сили на земјите сојузнички на НАТО да можат заедно да работат за нашите мисии и акциите да бидат успешни. Моментално, ниту еден наш сојузник не користи S-400 и НАТО сѐ уште не е информиран за оваа набавка“.