Tuğrul Çam
05 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се состанаа денес со цел да разговараат околу односите на Алијансата со земјите од Западен Балкан, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на отворањето на сесијата на вториот ден од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во седиштето на НАТО, истакна дека безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан се многу важни за Алијансата.

Столтенберг нагласи дека со нетрпение чекаат Македонија да стане 30-та членка на НАТО по исполнување на националните процедури по постигнатиот Договор за името.
Тој нагласи дека Босна и Херцеговина дала вреден придонес во операциите на НАТО. „Го поддржуваме евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина“, додаде тој.
На денешниот дел од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, се очекува Алијансата да потврди дека е подготвена Босна и Херцеговина да ја поднесе својата Годишна национална програма.
Програмата предвидува земјата да спроведе политички, економски и одбранбени реформи.