Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
АЗАЗ (АА) - Најмалку 60 лица загинаа во денешниот напад со автомобил бомба на зграда на локалниот суд во сирискиот град Азаз, 30 километри северно од Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Доктор од Азаз, Абу Хасан, за АА потврди дека во нападот загинале најмалку 60 лица, додека преку 50 се повредени.
Официјално лице на цивилната одбрана, Ијад Сејх Разук, за новинарот на АА повтрди дека во Азаз, кој е под контрола на опозициските сили , во близина на зградата на локалниот суд експлодирал автомобил.
Разук не го кажа точниот број на загинати, но потврди дека во нападот животот го загубиле повеќе лица. Тој додаде дека исто така ранетите се префрлени во болници.
Сеуште не е познато кој стои зад нападот.