Erbil Başay
10 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Невреме придружено од поројни дождови и поплави погоди неколку германски региони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најтешко погодени се германските покраини Рајнската област-Пфалц, Баварија, Хесен и Тирингија, каде што дојде до поплави, рушење на дрвја и повеќе сообраќајни незгоди.
Германските медиуми јавуваат дека улиците и приземните катови на објектите во регионот Ајфелкреис Битбург-Прум останале под вода и дека поплавата предизвикала дефект во телефонската мрежа. Железничките линии се, исто така, откажани.
Во невремето што корнеше дрвја во баварската област Швајнфурт, повредени се најмалку две лица.
Невремето предизвика сообраќајна незгода на автопатот А67 во близина на Гернсхејм. Во несреќата загина едно, а повредени се три лица.