Tutku Şenen
28 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
РИМ (АА) - Италијанската Крајбрежна стража извлече 45 тела на бегалци од водите на сицилијанскиот премин во Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за уште една несреќа на Медитеранот, а според наведувањата на новинската агенција АНСА, италијанската Крајбрежна стража ги откри телата на бегалците кои се утопија вчера.
Десетици лица исчезнаа по третата смртоносна несреќа која се случи во Медитеранот во последните три дена. Припадниците на Крајбрежната стража спасија 135 бегалци од бродот кој беше пред потонување.
Само во четврток во Медитеранот беа спасени илјадници бегалци кои на овој начин се обидуваат да дојдат до земјите на западна Европа барајќи таму спас од глад, судири и војни во матичните земји.
Се очекува 890 бегалци да бидат доведени во Катанијa во текот на денот. Според податоците на Меѓународната организација за миграции. од почетокот на оваа година околу 179.000 бегалци преку Mедитеранот стигнаа на земјата на Европа.
Околу 730 бегалци ги загубија своите животи или се водат како исчезнати. Само минатат година во Европа стигнаа повеќе од милион бегалци.