Betül Yürük
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ВАРШАВА (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), во врска со загинувањето на петмината полицајци во текот на протестите во Далас, одржани поради убивањето на двајцата Афроамериканци во полициските интервенции во Минесота рече дека се згрозени и дека се солидализираат со народот и полицијата на Далас, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние сме згрозени. Изразуваме солидарност со народот и полицијата во Далас. Полицијата вели дека постојат неколкумина осомничени, во очекување сме на дополнителни информации. Одговорните за нападот ќе бидат казнети и правдата ќе биде задоволена“, изјави американскиот претседател Барак Обама.
Обама се сретна со претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ), Доналд Туск и со претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер, пред свеченото отворање на НАТО Самитот и, кој се оджрува во полскиот главен град Вршава, на кој учествуваат челници на државите и владите од 28 земји членки и партнерски држави на НАТО.
Изјавата поврзана за убиството на петмината американски полицајци во Далас, Обама ја даде за време на заедничката прес конференција, која беше организирана по завршувањето на средбата.