ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) – На крајот од шестата година од почетокот на граѓанската војна во Сирија, сѐ уште, 61 отсто од земјата е под окупација на терористичките организации ПЈД/ПКК и ДЕАШ, пишува Anadolu Agency (AA).
Изминаа 6 години од почетокот на граѓанската војна во Сирија, која започна со протестите во март 2011 година, во областа Дера, во јужниот дел од земјата.
ПЈД, која е продолжена рака на терористичката организација ПКК во Сирија, ја контролира областа долж северната граница со Турција, од Хасеки на истокот, до подрачјето Рака на северот, и подрачјето кое се протега источно од Алепо, до Африн, во северозападниот дел на земјата.
Според анализата што АА ја направи на картата, под окупација на терористичката организација е простор од околу 38.500 квадратни километри, од вкупните 185.000 квадратни километри површина на Сирија.
Оваа бројка претставува 21 отсто од вкупната површина на земјата. Од оваа површина, 65 отсто се наоѓаат близу турската граница.

Слободната сириска армија, поддржана од турските вооружени сили, од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ на 24 август 2016 година, досега од терористичките организации ослободија простор од 2.060 квадратни километри.
- ДЕАШ сѐ уште контролира простор од 75.000 квадратни килиметри -
Терористичката организација ДЕАШ, која преку акциите во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ е исчистена од границата со Турција, сѐ уште ги контролира источното и централното подрачје, кои се протегаат од ирачката граница до Хумус и во подрачјето близу границата со Либан, до Каламун.
Организацијата држи под окупација простор од околу 75.500 квадратни километри, што претставува околу 41 отсто од површината на земјата.
Но, големата површина што ја контролира ДЕАШ е територија од Сирија којашто е со најниска густина на населеност. На просторот којшто има ниска економска раздвиженост, има наоѓаат енергетски извори и линии за транспорт.
- Режимот на Асад е заштитник на терористичките организации -
Од почетокот на граѓанската војна во земјата, режимот на Асад замижа пред активностите на ПЈД/ПКК, кои ја презедоа контролата врз северните делови од земјата.
Сирискиот режим во 2012 година им го препушти на ПЈД/ПКК градот Амуде, во областа Хасеки, североисточна Сирија, градот Африн во областа Алепо, во северозападниот дел на земјата и градот Кобани во североисточниот дел на Сирија.
Амуде, Африн и Кобани беа првите освоени територии од страна на организацијата.
Во шестгодишната граѓанска војна, неколкупати беше остварена соработка меѓу ПЈД/ПКК и режимот. Од почетокот на граѓанската војна, ПЈД/ПКК и режимот војуваа многу ретко и на мали простори.
Моќната соработка најмногу привлече внимание кај Хасеки. Организацијата продолжува да му плаќа даноци на режимот. Обезбедувањето на работата на јавните институции, режимот го извршува заедно со ораганизацијата. И нафтените полиња Румејлан, кои во североисточниот дел на Хасеки се под контрола на ПЈД/ПКК, се обезбедувани со заеднички сили. Дел од нафтата се дава на режимот.
Режимот во градот Африн, во областа Алепо, и во подрачјата на Шејх Максут и Хулул, на организацијата ѝ овозможи да формира „терористички академии“. Во овие три подрачја, стотици терористи земаат обука од странски инструктори за војување, ракување со тешко оружје и со бомби.
Покрај тоа, ранетите милитанти на ПЈД/ПКК, со авиони на режимот се префрлуваат во државната болница во Дамаск.
- Соработка со ДЕАШ против опозицијата -
Покрај соработката со ПКК/ПЈД, режимот на Асад не се двоумеше против опозицијата да соработува и со ДЕАШ.
Во периодот 2013 – 2015, во Палмира главен обвинител беше Мухамед Касим Насир, кој за АА изјави дека режимот претходната година градот намерно ѝ го препуштил на организацијата и оваа изјава на главниот обвинител одекна во меѓународната јавност.
Во демекври минатата година, сценариото околу Палмира се повтори по вторпат, и уште еднаш режимот и ДЕАШ ја покажаа својата соработка.
Градот Палмира, кој по едномесечни тешки воени операции од страна на Русија и режимот беше ослободен од ДЕАШ, веднаш потоа, повторно му беше препуштен на ДЕАШ, напуштајќи го градот заедно со тешкото вооружување.
Последен пример за соработка меѓу режимот и ДЕАШ можеше да се забележи против операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Режимот на Асад се обиде да го сопре напредувањето против ДЕАШ на Слободната сириска армија, потпомогната од турските вооружени сили, при создавањето тампон-зона јужно од Ал Баб.
Режимот којшто напредуваше на југот, презеде повеќе точки од ДЕАШ. Како последица на ова, армијата на режимот и групите поддржани од Иран пристигнаа до градот Мунбич, кој е под контрола на ПЈД/ПКК.
На тој начин, силите на режимот го прекинаа патот кој оди кон Рака, центарот на ДЕАШ.