23 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд и британскиот премиер Дејвид Камерон ја посетија концертната сала„Батлакан“ во Париз во која на 13-ти ноември беше извршен терористички напад и им оддаде почит на жртвите на нападот,јавува Anadolu Agency (АА).
За време на официјалната посета на Франција, шефот на британската влада Камерон се сретна утрово со првиот човек на Франција, Оланд, а пред состанокот заминаа заедно пред салата Батлакан и се поклонија на жртвите на терористичките напади.
„Утрово сум во Париз на средба со претседателот Оланд и оддадов почит на храброста на народот на Франција по неодамнешните терористички напади“, напиша Камерон на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Непосредно пред посетата на Франција, Камерон за весникот „Дејли телеграф“ изјави дека во Париз оди со цел да порача дека Велика Британија и понатаму ќе продолжи со поддршката на народот на Франција а со претседателот Оланд да разговара за тоа како да се „спаси светот од ѓаволската терористичка закана“.
Камерон изјави дека терористичката организација ДАЕШ е закана за глобалната безбедност и дека сите треба да се приклучат во борбата против ова зло.
„Сакам мојот британски народ да знае дека има влада која е одлучна и во можност да ги преземе сите мерки за да се спротивстави на заканите и да ја зачува својата стабилност и безбедност“, рече Камерон.