Mehmet Tosun
29 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, турските вооружени сили неутрализираа најмалку 597 терористи во сириското погранично подрачје на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека турската авијација во текот на изминатата ноќ уништила најмалку 44 позиции на терористите на ПЈД-ЈПГ/ПКК/ПЈД и ДЕАШ.
„Во нападите учествуваа 25 авиони и сите безбедно се вратија во базата. Четворица припадници на Слободната сириска војска се ранети, но се вон животна опасност. Според последните информации, синоќа се неутрализирани најмалку 40 терористи, а бројот на неутрализирани терористи од почетокот на операцијата 'Маслинова гранка' изнесува 597“, се наведува во соопштението.
Генералштабот на турската војска исто така соопшти дека операцијата во Африн продолжува според планираното.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-тите години спроведува терористичка кампања против Турција.