Kasım İleri
25 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
ВАШИНГТОН
Многу Турци во Вашингтон, во Соединетите Американски Држави (САД), одржаа протести поради изјавата на американскиот претседател Џо Бајден во врска со настните од 1915 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните од турско потекло се собраа пред амбасадата на Република Турција во Вашингтон и изразија незадоволство поради изјавите на Бајден.
Собраните, кои истакнаа транспаренти и знамиња на Република Турција, ја осудија изјавата на Бајден.
Демонстрантите ги осудија ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година.
На спротивната страна се собраа и ерменските приврзаници.