Nilay Kar
30 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 12 припадници на терористичката организација ПКК се убиени во антитерористичките операции кои ги изведоа турските безбедносни сили во југоисточна Турција и северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека турските воздухопловни сили доцна синоќа ги бомбардираа скривалиштата на ПКК во планинските региони Зап и Медина во северен Ирак и во областа Бејтушшебап во турската област Ширнак.
Паралелно со тоа, турските бомбардери во овие ирачки региони уништија две скривалишта на терористите и три магацини за оружје.
Во соопштенеито се наведува дека турските воздухопловни сили ги бомбардираа скривалишта на терористичката ПКК во Бејтушшебап во југоисточната турска област Ширнак.
Во нападите загинаа најмалку девет терористи, вклучувајќи и еден регионален водач на терористичката организација ПКК.
Терористичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија.
Покрај Турција, ПКК дејствува и во северен Ирак и во Сирија, каде што делува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.