Seyit Aydoğan
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
КВЕБЕК (АА) - Во градот Квебек во истоимената канадска покраина, вчера беше извршен напад во кој животот го загубија 6 лица, додека осуммина беа ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Спореден информациите добиени од полицијата на покраината Квебек, три лица извршиле оружен напад врз луѓето што биле собрани за ноќна молитва во исламски културен центар во Квебек, кој истовремено бил користен и како џамија, при што убиле шестмина, а раниле 8 лица.
- „Канаѓаните муслимани се значаен дел од нашето националното ткиво“ -
Премиерот на Канада, Џастин Трудо, во своето писмено обраќање наведе дека кога дознал за нападот тоа кај него предизвикало голем шок, гнев и тага, и го осуди нападот врз верскиот објект на муслиманите и прифатилиштето.
Трудо во своето обраќање изјави: „Во име на цела Канада, им изразувам сочувство на семејствата и на пријателите на загинатите, а на ранетите им посакувам што побрзо да заздрават. Едно вакво насилство е неразбирливо. Различноста е нашата сила, а верската толеранција е најсаканата вредност на Канаѓаните. Канаѓаните муслимани се значаен дел од нашето ткиво. Во нашето општество, нашите градови и во нашата земја нема место за ваквите безмислени акции. Чуварите на законот ќе ги чуваат сите канадски граѓани, а ќе бидат вложени сите напори за да се пронајдат извршителите и оние што стојат зад нив во оваа нетолерантна акција“.
- Знамето е симнато на половина копје -
Во меѓувреме, поради нападот, знамето на Парламентот е симнато на половина копје, а во најголемите градови на покраината, во Монтреал и Гатино, преземени се безбедносни мерки околу џамиите и исламските центри.
Премиерот на покраината Квебек, Филип Кулијард, преку социјалните мрежи изјави: „Квебек категорично го отфрла ова варварско насилство. Ја споделувам тагата со семејствата на загинатите и ранетите во овој немил настан“.