Ekipa
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ТОКИО (АА) - Во Јапонија сè попопуларен е несекојдневниот терапевтски метод „отонамаки“, кој се состои од обвивање на лицето во бело платно поради намалување на вкочанетоста и решавање на проблемот со држењето на телото, јавува Anadolu Agency (AA).
Отонамаки и во слободен превод значи замотување на возрасни, а идејата потекнува од слична јапонска терапевтска метода, охинамаки, која се практикува за зајакнување на физичките предиспозиции кај бебињата.
Идејата е телото на замотаното лице за време на третманот од 20 минути да се држи во позиции кои ги имитираат позициите на фетусот во матката.
Многу јапонски компании на своите вработени и клиенти им ја нудат терапијата отономаки што се чини за успешна, иако јавноста на почетокот беше скептичена бидејќи сè изгледа малку морничаво.