Bilgin S. Şaşmaz
11 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
ЧИКАГО (AA) - Во најголемиот саемски центар во Северна Америка, денес официјално е отворен 110. Традиционален саем на автомобилизмот „Chocago Auto Show 2018“ јавува Anadolu Agency (AA).
Претходните два дена од саемот беа отворени за претставниците на медиумите, а денес тие се отворени и за сите други посетители.

И покрај снежната бура во тој дел од САД, организаторите се задоволни од посетата и очекуваат до крајот на манифестацијата, на 19 февруари, саемот да го посетат милион посетители.
Изложени се речиси илјада атрактивни возила, а саемот, само утрово го посетија неколку илјади посетители.

Саемот се одржува на изложбен простор од околу 100.000 метри квадратни, а посетителите имаат можност да ги видат најновите модели на автомобили, камиони, теренски и концептни автомобили од различни брендови, како и примена на новата технологија во автомобилската индустрија.