Abdullah Aşıran
29 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
ДЕН ХАГ (АА) - Палестина покрена постапка пред Меѓународниот суд за правда против САД во која тврди дека САД, со преместувањето на својата Амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс), ја прекршиле Виенската конвенција од 1961 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во поднесокот кој на Судот го доставија палестинските власти, се наведува дека со Виенската конвенција е предвидено дипломатската мисија на државата од која е пратена, да биде сместена на територијата на државата на приемот.
Палестинската власт во поднесокот наведува дека Ерусалим има посебен статус и дека „преместувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим претставува кршење на Виенската конвенција“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, на почетокот на декември минатата година потпиша одлука со која го признава Ерусалим како главен град на Израел и најави преместување на американската Амбасада од Тел Авив. Амбасадата во Ерусалим е свечено отворена на 14 мај 2018 година.