Enes Kaplan
05 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција Емануел Maкрон го прими со највисоки државни почести претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, кој денеска допатува во официјална посета на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Свечениот дочек со највисоки почести беше организиран пред претседателската Елисеј палата во Париз, каде што во чест на Ердоган беше поставена почесна гарда.
Следуваше ракување помеѓу Макрон и Ердоган, потоа и заедничка фотографија, по што се упатија на состанокот зад затворени врати.
После разговорот меѓу Eрдоган и Maкрон, ќе се одржи и меѓуделегациски состанок, а потоа е планирана заедничка прес конференција за новинарите.
Во придружба на Ердоган во Париз, покрај сопругата Емине Ердоган, допатуваа и министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, министерот за европски интеграции и главниот преговарач со ЕУ Омер Челик, министерот за еконоија Нихат Зејбекчи, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак и министерот за одбрана Нуретин Чаникли.