Deniz Çiçek Palabıyık
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - ДЕНИЗ ЧИЧЕК -
Производите развиени од страна на компанијата за надворешна трговија, Теџимер, снабдувач на хуманитарни средства за НАТО, Обединетите нации (ОН) и меѓународните хуманитарни организации, се испорачуваат низ целиот свет.
Надворешно-трговската компанија Теџимер, која работи во индустриската зона Керестечилер во Казан е основана во 1990 година исклучиво за извозни цели. Целосното производство на компанијата е наменето за ОН, НАТО и на меѓународните организации за помош.
Генералниот директор на надворешната трговска компанија „Tecimer", Хасан Теџимер зборуваше во разговор за Anadolu Agency (AA) околу активностите на фирмата.
Изјавувајќи дека се регистрирани снабдувачи на ОН, Теџимер вели дека тие произведуваат одбрамбени производи за хуманитарна помош.
„Во земјотресот Мармара во Турција повторно, бевме добавувачи на ОН. Во Блискиот исток и во земјите на Африка, Грузија, Русија, Авганистан, САД стигнаа многу производи. Досега сме достигнале до 70 земји. Работиме по правила на покана и на меѓународни тендери. Ние извезуваме производи во просечен износ од 5 милиони долари годишно“, додава тој.
Тој истакна дека продолжуваат да произведуваат цистерни за вода кои ќе бидат испратени за армијата на САД по тендерот на НАТО.
„Досега испративме две партии цистерни во САД. Ќе продолжиме да произведуваме со 5-годишен договор. Ова се специјално изолирани производи. Ќе се користат во согласност со потребите на НАТО. Ние сме многу успешни и амбициозни за овој производ. Бојата на производот беше обрабетна на тој начин за да трае 8 години. Производите се транспортираат со авион и хеликоптер и се произведуваат на начин да го издржат забрзувањето, притисокот и големите температурни промени за време на транспортот. Во производството користевме домашни материјали“, објасни Теџимер.
Забележувајќи дека компанијата, исто така, произведе свои единици за прочистување на вода кои функционираат со соларна енергија, кои ги изградиле со сопствено инженерство, Теџимер изјави дека овој производ стигнал до Африка преку ОН.
Теџимер објаснува дека проблемот со водата кај племињата и селаните во Африка е решен со нивниот производ.
„Овој производ е достапен во регионите како Ирак и Сирија преку хуманитарни организации. Без електрична енергија, тој произведува вода за пиење од дождовна вода, седименти и езерски води. За овој производ стасаа втори и трети нарачки. Сега работиме на понатамошно подобрување на производот“, рече тој.
Меѓудругото, Теџимер нагласи дека особено со цистерни за горива и преносливи куински производи, постигнале многу во хуманитарните активности.
- Соларна енергија за места каде што нема електрична енергија
Истакнувајки дека работат на истражување и развој за извор на енергија, кој исто така може да се нарече „Power bank", Теџимер рече дека произведува сончева енергија во средини каде што нема електрична енергија и генератор.
Нагласувајќи дека сакаат да се обратат на домашната одбранбена индустрија,Теџимер истакна:
„Нашата одбранбена индустрија не се соочува со мали фирми, затоа постојат различни предизвици. Постојат критериуми за заштита на животната средина и безбедноста кои ги прават работните услови скапи. Почетната инвестициона цена е 50 илјади долари. Постојат важни снабдувачи на места како индустриската зона 'OSTİM' (на Блискиот исток), тие прават добри работи и можат да им служат на одбранбената индустрија. Ние даваме производи во САД, но не можеме и да ги рекламираме нашите производи внатре.“
Нагласувајќи дека се натпреваруваат со земји како Кина и Индија, Теџимер прецизира дека тие можат да бидат поконкурентни со зголемување на квалитетот.