Muhammed Bilal Kenasari
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - На протестите во американската сојузна држава Пенсилванија против победата на изборите на бизнисменот Доналд Трамп, беа прикажани транспаренти против лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Гулен, јавува Anadolu Agency (AA).
По изборот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за претседател на САД во Њујорк, Чикаго, Калифорнија и во многу други американски сојузни држави веќе четири дена се одржуваат протести против Трамп. Во Пенсилванија, каде што републиканскиот кандидат доби гласови од 20 електори, две спротиставени групи одржаа одделни протести.
Додека едната група од околу 100 лица коишто ја подржуваат кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, протестираше во центарот на градот Истон, другата група, поддржувачи на Трамп, со американски знамиња извикуваа пароли во прилог на Трамп.
Имотот во Сејлорсбург, каде што живее лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, се наоѓа на околу 30 километри од градот Истон каде што беа организирани протестите. Во текот на протестите поддржувчите на Трамп прикажаа транспаренти против Ѓулен, со цел да го манифестираат незадоволството затоа што живее во тој регион.
Поддржувачите на Трамп прикажаа транспаренти на коишто пишуваше „ФЕТО, Ѓулен, по тебе доаѓа Трамп!“.
Демострантите го повикаа 45. американски претседател Доналд Трамп да го екстрадира Ѓулен во Турција. Протестите поминаа без инциденти.
Пензионираниот генерал потполковник, Мајкл Флин, главниот советник на Трамп за безбедност и контраразузнавање напиша текст во врска со водачот на ФЕТО, Ѓулен.
Флин во својот текст напиша:„ Не е логично овој маскиран терорист и извор на нестабилност, којшто удобно се сместил зад нашиот двор во Пенсилванија измамувајќи го Вашингтон, да претставува пречка за нашиот НАТО-партнер Турција. Од аспект на Турција, Вашингтон засолнува еден Осама Бин Ладен. Што ќе направиме ние доколку дознавме дека по 11. септември Осама Бин Ладен живее во убаво село во Турција и во исто време менаџира со 160 училишта којшто ги создавал со парите на турските даночни обврзници“.
Како реакција на текстот на главниот советник на Трамп, адвокатите на водачот на ФЕТО преку писмено соопштение го предупредија Трамп. Напишаа дека се надеваат оти текстот напишан од Флин не ја претставува политиката на Трамп.