Yunus Hocaoğlu
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ЕРЗУРУМ (АА) - Осемдесет и тригодишниот Ибрахим Аксу со својата сопруга се задолжени за работата на два века старата мелница во населеното место Узундере, во Ерзурум, наследена од својот дедо, јавува Anadoly Agency (AA).
Населеното место Узундере е прогласено за 11то „мирно гратче” во Турција, од „Меѓународниот Сојуз на мирни градови”, каде што се наоѓа и мошне старата мелница за брашно, која сè уште функционира благодарение на третата генерација од фамилијата Аксу.
Внатрешноста на мелницата пред 53 години, поради рушењето на дел од камените ѕидови, била повторно изѕидана и една од рачните камени брусалки морала да биде заменета со моторна. Но сепак, истата стара мелница е сè уште во функција и носи траги од историјата на два века.
Локалното население, помалку од порано, но сепак сè уште продолжува да ја носи својата произведена пченка и пченица на мелење токму тука.
- „Ова е многу важна и благодатна работа” -
Ибрахим Аксу, во разговорот за АА кажа дека токму 65 години се грижи за работата на мелницата од својот дедо.
Аксу, благодарение на мелницата и производите од сопствената нива успеал да ги изгледа сопствените 10 деца.
Со зголемената употреба на готово брашно, се намалил интересот за мелење на жито, но сепак Аксу е убеден дека ќе продолжи со работата во мелницата додека ѝ трае векот на работа, велејќи:
„Минаа долги години како го работам овој занает. Порано овде беше амбар од вреќи со сомелено брашно. Деноноќно бев ангажиран. Сега речиси нема никој, од време на време доаѓа по некој. Јас и нив ги услужувам и се обидувам да истерам месец за месец. Нема кој да го продолжи занаетот после нас, ни децата не се заинтересирани. Јас би сакал да ја продолжат работата, но не сум сигурен како ќе биде во иднина. Оваа работа не е само извор за приходи, туку претставува и една многу важна благодатна дејност. Оние кои ми ја носат пченицата и пченката за мелење, знаат по завршената работа да ми речат: Сполај му на Бога што си на нога, ни ја заврши работата, ако не си ти каде би носеле на мелење. Токму тоа ми чини задоволство во работата на занаетот од мојот дедо“.
Зејнеп Аксу истакна дека благодарејќи на мелницата не се зависни од никој друг.
„Со сопствен труд дојдовме до овој ден, не чекајќи ништо од никого. Децата ги одгледавме со она што го заработуваме од тука. Мелницата е како еден вид здружение, секој од тука поминал за да јаде леб”, додаде таа.