İlker Girit
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Безбедносните сили неутрализираа петмина терористи на ПКК за време на воена операција во руралното подрачје на источната област Ерзурум, вели безбедносен извор за АА, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терористите се неутрализирани по престрелката меѓу воениот персонал и терористите во подрачјето Шенкаја, за време на безбедносна операција против терористичката група ПКК“, вели изворот кој зборуваше под услов да остане анонимен.
За поддршка на тековната операција во регионот, испратени се дополнителен број трупи.
Повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи припадници на безбедносниот персонал и цивили, ги загубија своите животи откако ПКК (која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ), ја продолжи децениската оружена кампања во јули 2015 година.