Kurbani Geyik
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
АНКАРА (АА) - На средбата меѓу турскиот премиер, Бинали Јилдирим, со лидерите на опозициските партии во Турција, станало збор за борбата против тероризмот во Турција и за развојот на настаните во Ирак и Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АК Parti), Бинали Јилдирим, ги прими денес во седиштето на Владата во Анкара претседателот на Републиканската народна партија (CHP) Кемал Киличдароглу и претседателот на Партијата на национално движење (MHP), Девлет Бахчели.
Од владини извори се дознава дека средбата траела три часа на која станало збор за борбата против тероризмот.
Премиерот Јилдирим ги информирал лидерите на опозициските партии, Киличдароглу и Бахчели, за чекорите кои Владата ги прави во борбата против терористичката организација ФЕТО и истакнал дека доколку Народната демократска партија (HDP) не сака нејзиното име да се поврзува со терористичката организација ПКК, потребно е да заземе став против оваа терористичка организација.
Се дознава дека на средбата станало збор и за „мини уставниот пакет“, како и за развојот на настаните во Ирак и Сирија.