Kurbani Geyik
09 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утрово замина во посета на Руската Федерација, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во Санкт Петербург ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, за првпат по падот на рускиот авион во ноември минатата година, откако беше повреден воздушниот простор на Турција.
Во делегацијата со турскиот претседател се и заменик-премиерот Мехмет Шимшек, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за култура и туризам Наби Авџи, министерот за економија, Нихат Зејбекчи, министерот за храна, земјоделство и сточарство Фарук Челик, министерот за природни ресурси и енергија Берат Албајрак, заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (АК партија), Мехди Екер и директорот на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) Хакан Фидан.
Ердоган и Путин ќе се обратат на прес-конференција по работниот ручек со делегациите на двете земји. Двајцата претседатели ќе имаат обраќање и пред турските и руските бизнисмени.