Halil İbrahim Başer
25 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, спречи самоубиство на еден граѓанин, кој се обидувал да скокне од Босфорскиот мост во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од претседателските извори се дознава дека Ердоган застанал со неговото службено возило и го спречил граѓанинот да го изврши самоубиството.
Засегнатиот граѓанин, откако приметил дека претседателот Ердоган го видел овој настан, решил да се октаже од својата намера да се фрли од мостот и се доближил до службеното возило на турскиот претседател.
Лицето кое се обидело да изврши самоубиство рече дека е од градот Сирт и дека е во криза поради семејни проблеми. Се заблагодари на претседателот Ердоган.
Меѓу другото се истакнува дека претседателот Ердоган по сослушувањето на проблемите на граѓанинот дал инструкции на властите да му помагнат на граѓаниот во решавањето на неговите проблеми.