Kaan Bozdoğan
20 Мај 2022•Ажурирај: 21 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со холандскиот премиер Марк Руте, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од извори од Претседателството, на средбата се разговарало за регионалните случувања, особено за барањето на Шведска и Финска за зачленување во НАТО.
За време на разговорот претседателот Ердоган истакна дека Турција има легитимни грижи и оправдани очекувања во однос на барањето на Шведска и Финска за зачленување во НАТО.
Претседателот Ердоган, укажувајќи на контактите на овие земји со поединци и таканаречени организации кои се под контрола на терористичката организација ПКК/ЈПГ и поддршката што ја даваат на структурите вклучени во списокот на терористички организации на Европската Унија, нагласи дека ова е спротивно на солидарноста на сојузот и духот на билатералните односи.
Ердоган, исто така, додаде дека е најприродно право на Турција да очекува Финска и Шведска, доколку станат членки на НАТО, да ги прекинат сите односи со терористичките организации во согласност со духот на солидарноста.