Dzihat Aliju
12 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Турските организации продолжуваат со помошта после поплавите што се случија минатиот викенд во Скопје и околината, кои го одзедеа животот на 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот амбасадор во Скопје Омур Шолендил и советникот на претседателот на Општина Истанбул, истовремено и заменик-претседателот на турската Црвена Месечина, Исмаил Хаки Турунч, денеска го посетија едно од најпогодените подрачја од поплавите, населбата Сингелиќ.
Амбасадорот Шолендил, во соопштението за новинарите, рече дека од првите моменти на поплавата, во име на Република Турција, ја имаат развиено потребната соработка и консултации со релевантните институции во Македонија.
Нагласувајќи дека како резултат на подготовките ги спровеле сите опции и почнале со активностите.
„Почнавме со активности за прочистување заедно со Црвената Месечина, Општина Истанбул, Општина Бурса, АФАД (Турска дирекција за справување со катастрофи и вонредни состојби), ТИКА, сите наши институции и организации на граѓанското општество тука и нашите браќа. Исто така, доаѓаат и производи како дел од хуманитарната помош, а ние ќе ја овозможиме нивната дистрибуција“.
Исто така, Турунч соопшти дека од вчера од Општина Истанбул дошол тим од четири лица и 12 машини, со цел да ги извршат потребните интервенции кои ќе им го олеснат животот и условите на жителите.
Турунч истакна дека во ова подрачје исто така се наоѓаат и тимови на Црвениата Месечина.
„Работата ќе се одвива во две различни фази. Машините ќе го овозможат чистењето на калта и остатоците во домовите и на улиците кои го отежнуваат животот на луѓето погодени од поплавите. Од друга страна, луѓето имаат различни потреби, како што се храна, облека и хигиенски производи. Ние, во својство на Црвена Месечина, ќе ги исполниме сите овие“.
- „Македонија за нас е многу блиска земја“ -
Турунч рече дека пред да дојде во Македонија се сретнал со генералниот секретар на Сојузот на општините на Турција.
„Сојузот на општините на Турција започна кампања. На ист начин, со кампања започна и Сојузот на општини на Мармара. Ние ќе ја информираме Турција за каква било потреба според нашите проценки. Потребните работи ќе бидат обезбедени преку овие кампањи, ќе бидат донесени тука и дистрибуирани до граѓаните“, соопшти Турунч.
Тој истакна дека со дадената помош ќе се обидат да ги намалат проблемите на жителите во оваа област. Потсетувајќи дека исто така имаат посетено и многу други земји во хуманитарни цели, тој рече дека „Македонија за нас е многу блиска земја. Земја со која имаме историски и културни врски. Јас се молам за милост за мртвите и побрзо опоравување зна повредените. Планираме да останеме тука сè додека се елиминираат тешкотиите“.