Ali Semerci
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
ГАЗА (АА) - За време на интервенирање на израелските војници на протестите организирани во Газа поради неодамнешната одлука на САД за признавање на Кудс за главен град на Израел, смртно страдаше 20 годишниот Џемал Муамед Салих, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ешреф ел-Кудра потврди дека Салих е ранет за време на протестите организирани вчера на подрчјето на кампот Ел-Бурејк и дека утринава ја изгубил битката за живот.
Во пределот на амбдоменот го ранија израелските војници.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември официјално го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел на различни подрачја на Западниот брег и во Газа се одржуваат протести. Израел го окупираше Источен Кудс на 5 јуни 1967 година.
Таа земја во 1980 година Кудс еднострано го прогласи за главен град, а ОН оваа одлука ја прогласија за ништовна.