Ekip
30 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанската полиција вчера спаси 25 членови од едно семејство кое во градот Равалпинди беа држени како заложници од страна на нивен пијан роднина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот службеник Исрар Абаси рече дека полицијата испукала солзавец во куќата откако напаѓачот пукал и ранил еден од роднините и полицаец. Тој додаде дека осомничениот Абдур Рахим е повреден во пресемтка со полицијата. Роднините изјавија дека Рахим уште од петокот ги држел како заложници под закана со оружје.
Полициските инспектори наведуваат дека Рахим се опијанил бидејќи имал големи коцкарски долгови. Меѓу другото, ги прокоцкал и машините кои биле дел од семејниот градежен бизнис. Инспекторот Абаси истакна дека осомничениот ќе биде подлегнат на лекарски тестови за да се утврди неговото ментално здравје и ќе биде кривично гонен.