Emre Gürkan Abay
18 Октомври 2018•Ажурирај: 19 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека терористичката организација ДЕАШ го зајакнала присуството во подрачјето долж реката Еуфрат под контрола на Соединетите Американски Држави (САД), и дека заробила државјани на САД и европските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин на состанокот на дискусиониот клуб „Валдаи“ во Сочи изјави дека никој не знае што се случува на исток од Еуфрат и дека таму и понатаму се присутни елементите на терористичката организација ДЕАШ.
„ДЕАШ го зголеми своето присуство во подрачјата долж Еуфрат под контрола на САД“, тврди Путин.
Тој додаде дека припадниците на терористичката организација почнале да ги погубуваат луѓето земени како заложници.
Истакна дека терористите на ДЕАШ во подрачјата долж Еуфрат за заложници зеле државјани на САД и на европските земји.
„Заробија вкупно 700 лица, а десет погубија. Сите молчат. Владее тишина како ништо да не се случува“, предупреди Путин.
Истакна дека САД не ги исполниле целите на тоа подрачје.
Рускиот претседател се осврна и на активностите кои Турција успешно ги спроведува во Идлиб.
„Процесот во Идлиб, оформен во согласност со Договорот од Сочи, сè уште не е завршен. Но гледаме дека турските партнери ги исполнуваат своите обврски. Дури, на тоа подрачје направија и воена болница. Турција остро и ефикасно се бори против тероризмот“, рече Путин.