Betül Yürük
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера телефонски разговараше со новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак на прес-конференција изјави дека Гутерес имал мошне позитивен разговор со Трамп.
Тој напомена дека двајцата државници разговарале за низа прашања, вклучувајќи ги и односите меѓу ОН и САД.
Инаку, Трамп претходно во неколку наврати упати мошне остри критики на сметка на ОН.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на должност стапува на 20 јануари.