Sarp Özer
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ХАКЌАРИ (АА) - Бројката на загинати војници во терористичкиот напад изведен од страна на припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК врз станицата на жарданмеријата Дурак, во Шемдинли, југоисточната турска покраина Хакќари, се зголеми на девет лица, а повредени се 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите во 9:45 часот по локално време изведоа бомбашки напад на подрачјето во кое се наоѓа жандармериската станица.
Силната експлозија создаде кратер длабок шест до седум метри, со дијаметар од околу десет метри. Предизвикана е материјална штета и на објектот на станицата.
Новинарот на АА дознава дека за време на нападот во близина на местото се наоѓале граѓани кои чекале минибус.
Станицата Дурак е лоцирана на патот Шемдинли - Јуксекова. На местото на нападот се наоѓаат голем број амбулантни возила.
Според соопштението на Турските вооружени сили, покрената е опсежна акција поддржана од воздух.