Eşref Musa
17 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку две воздушни бази на сирискиот режим на претседателот Башар ал-Асад во Дамаск и Хомс, синоќа биле цел на ракетни напади, објави сириската Новинска агенција САНА, пренесува Anadolu Agency (AA).
САНА објави дека минатата ноќ биле забележани ракети во воздушниот простор на Хомс, но не е познато за чии ракети станува збор. Тие потоа биле уништени со активирање на одбранбениот воздушен систем.
Извори блиски до војската на Асад велат дека цел на ракетниот напад бил и воениот аеродром Дамер во Дамаск, но повеќето проектили во овој напад биле уништени.
Како одговор на нападот со хемиско оружје на Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција во саботата, 14 април, бомбардираа повеќе позиции на режимските сили на Башар ал-Асад во Дамаск и Хомс, претежно складишта со хемиско оружје.
Подоцна режимот на Асад изнесе тврдења дека повеќето ракети биле уништени од страна на одбранбениот ракетен систем.