Ahmet Furkan Mercan
23 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
КОТАБАТО СИТИ (AA) - Бројни Моро муслимани излегоа на улиците на Котабато за да ги прослават резултатите од референдумот откако повеќето во тој град гласаа за договорот кој предвидува основање на автономен регион Бангсаморо, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните податоци за градот, Котабато, 36.682 граѓани гласаа „за" , а 24.994 „против".
Откако изборната комисија ги објави резултатите за овој град, бројни муслимани излегоа на улиците и прославија, како што велат историски резултат за нив.
Стотици лица со возила формираа долг конвој и кружеа низ Котабато, кој многумина го сметаат за клучен град на штотуку одржаниот референдум
Според неофицијалните резултати, повеќето граѓаи и во другите градови гласаа „за" договорот кој предвидува основање автономен регион Бангсаморо.
На југот на Филипините во понеделник е одржан историски референдум на кој локалното население гласаше за договорот кој предвидува основање на автономен регион Бангсаморо.
Околу три милиони регистирани гласачи денес излегоа на референдумот за потврда на Органскиот закон кон воено ќе биде и највисокиот правен акт на идниот автномен регион Бангсаморо.
Референдумот е одржан со максимални безбедносни мерки, а со успоставување на Бангсаморо ќе престане постоење на досеашниот Автономен регион „Муслимански Минданао".
Исламскиот ослободителен фронт на Моро (MILF) Ал Хаџ Мурад Ебрахим по гласањето изрази надеж дека народот ќе го поддржи новиот закон и уредувањето.
„Органскиот закон Бангсаморо е нашиот инструмент на мирот и развојот", порача Ебрахим.
Децении по угнетување под американска и филипинска власт, муслиманскиот народ на југот на Филипините го прави последниот чекор кон воспоставување на сопствена управа која ќе остане во составот на Филипините, но со значително висок степен на автономија.
Кон средината на минатата година филипинскиот претседател Родриго Дутерте го одобри Органскиот закон Бангсаморо кој претходно врз база на постигнатиот мировен договор го усвои и филипинскиот парламент.