????? ??????????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ЖЕНЕВА (АА) - Скапоцениот розов дијамант на прстенот е продаден на аукција во Женева, за 25.9 милиони евра, известува Anadolu Agency (АА) .
Аукцијата беше организирана од страна на познатата аукциска куќа Кристи, а наддавањето од страна на учесниците траеше подолго од три часа, по што беше и одреден купувачот кој понуди највисока цена, односно 25.9 милиони евра.
Почетната цена од аукцијата на 16 - каратниот скапоцен камен е 14,8 милиони евра, додека вредноста се зголемувала од минута во минута.
Сините, розевите и зелените дијаманти се меѓу најбараните на пазарот на скапоцени камења.