Amina Zorniç
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Лондонската аукциската куќа Сотби во Женева, за 31,6 милиони американски долари го продаде единствениот розов дијамант во форма на крушка, наречен "Unique Pink" од 15,38 карати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пишува Си-ен-ен, дијамантот поставен на прстен, беше продаден на купувач од Азија чиј идентитет е непознат, а кој неговото купување го потврди со телефонски повик.
Според зборовите на Дејвид Бенет, претседател на Меѓународниот оддел за накит Сотби, бојата на розевиот дијамант е специфична и се разликува од сите досега пронајдени розови дијаманти.
Сепак, најскапиот продаден розов дијамант останува "Graff Pink" од 24,78 карати кој Сотби го продаде во ноември 2010 година за 46,2 милиони долари.
Дијамантот "Pink Star" е продаден за неверојатни 83,4 милиони долари на аукцијата на Сотби. Станува збор за 60-каратен дијамант со димензии 2,69 x 2,06 сантиметри.