Ekipa
08 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Романската Влада од левиот центар се соочува со гласање за доверба поради мерката со која би биле декриминализирани службените прекршоци, а која предизвика големи улични протести на граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува Владата на премиерот Сорин Гриндеану да го преживее гласањето в среда, бидејќи неговата Социјалдемократска партија и партнерскиот Сојуз на демократски либерали го имаат мнозинството во Парламентот.
Минатата недела, Владата ја заобиколи парламентарната процедура и донесе итна уредба со која се декриминализираат некои облици на службена корупција. Критичарите сметаат дека од уредбата можат да имаат корист високите функционери кои се соочија со обвиненија за корупција.
По усвојувањето на уредбата, следуваа масовни протести, најголеми во Романија по соборувањето на комунистичкиот режим во 1989 година. Под притисок на граѓаните, премиерот Гриндеану попушти и ја повлече спорната уредба.
За време на вчерашното обраќање пред парламентарците, претседателот Клаус Јоханис изјави дека земјата е во длабока политичка криза.