Afra Aksoy,Aydoğan Kalabalık
10 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
КАИРО (АА) - Новиот состав на египетскиот парламент ја одржа првата седница по три години пауза поради одлуката на Уставниот суд на таа земја за распуштање на тоа законодавно тело, јавува Anadolu Agency (AA).
Уставниот суд на Египет во јуни 2012 година го распушти парламентот, поточно Народното собрание на Египет, а денес одржува седница на новиот состав на домот на која сите 596 пратеници положија свечена заклетва.
Со првото заседание на парламентот на Египет по три години заседаваше најстариот избран пратеник Баха Ебу Шака (77), а негови заменици беа двајцата најмлади пратеници Неха Халид-ал Хумеили (26) и Хасан Омер Мухамед Хасанеин (26).
Претседавачот ја прочита одлуката на Врховната изборна комисија за потврда на пратеничкиот мандат, а потоа членовите на парламентот по ред ја читаа заклетвата.
При читањето на заклетвата, пратеникот Муртаза Менсур предизвика тензии бидејќи не сакаше да го прочита точниот текст, меѓутоа на крајот се согласи и се заколна дека ќе работи според Уставот и законите кои се на сила во Египет.
Во продолжението на седницата се очекува избор на раководството на парламентот. На крај ќе биде одреден и датум за второто заседавање на кое ќе присуствува и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.