Selçuk Acar
08 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк, САД, група ученици протестираа против декретот што го потпиша претседателот на САД, Доналд Трамп, со кој на граѓаните од 7 земји во кои мнозинство од граѓаните се муслимани, и на бегалци не им се издава виза за влез во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите започнаа пред една недела, како реакција на декретот на Трамп против странците под наслов „Заштита на нацијата од влез на странски терористи“. И покрај тоа што овој декрет беше запрен од страна на 9. Регионален федерален апелационен суд во Сиетл, протестите продолжуваат.
Дента кога во Вашингтон, кандидатката на Трамп за министер за образование, Бетси Девос беше одобрена од страна на Сенатот, во Њујорк започнаа протести против раководството на Трамп.
Група во најголем дел сочинета од ученици од средите училишта и студенти, се собраа на плоштадот „Фоли“, околу кој се наоѓаат зградите на Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) и на Агенцијата за имиграции и царина на САД.
На собирот којшто беше организиран од страна на Имиграциската коалиција на Њујорк, Арапско-американското здружение од Њујорк и онлајн-платформата за солидаризација „MPower Change“ беа извикувани слоганите: „Народот кој е единствен, никогаш нема да биде поразен“ и „Не за забраната, не за ѕидот“.
На собирот, вниманието го привлекоа транспарентите на кои беа испишани пароли против нетрпеливоста, омразата и предрасудите: „Америка за секого“, „Не за забраната, не за ѕидот“.
Народниот правобранител на општина Њујорк, Летиција (Тиш) Џејмс во говорот што го одржа на собирот рече: „Ова е период на учење. Ова е настава. Ова е граѓански час по историја“.
Џејмс во својот говор истакна дека младите низ историјата секогаш биле против нетолеранцијата.