Meryem Göktaş
18 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Руски воен авион II-20 исчезна од радарот доцна синоќа над Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот исчезнал во текот на летот кон воената база „Хмејмим“ во Сирија, и дека во авионот имало 14 војници.
Во соопштението се наведува дека авионот исчезнал во исто време кога четири израелски бомбардери F-16 изведувале напади врз цели во Латакија, сириска регија во која се наоѓа руската база „Хмејмим“.
Од Министерството тврдат дека во тие мигови е регистриран ракетен напад од француската фрегата на Медитеранот.