Kasım İleri
22 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американската Централна команда (Центком) соопшти дека во копнен напад во Сирија го убиле Абдурахман Озбеки, еден од милитантите на ДЕАШ кои планирале напад во ноќниот клуб Реина во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на CENTCOM полковник Џон Томас изјави дека Озбеки бил близок со лидерот на ДЕАШ Абу Бакар ал-Багдади, и бил еден од раководителите кои биле одговорни за надворешни напади, странски војници и извори на финансирање на оваа терористичка организација.
„Потврдуваме дека американските сили на 6.април во ненадејна рација во Сирија, која е покрената за да го усмртиме Абдурахман Озбеки, го убија овој челник на ДЕАШ. Озбеки беше близок со Ал Багдади", рече Томас.
Истакна дека Озбеки осмислил и напад во новогодишната ноќ во ноќниот клуб Реина во Истанбул.
Потсетуваме, во терористичкиот напад во новогодишната ноќ во истанбулскиот клуб Реина загинаа 39 лица, а неколку десетици се ранети.