Sayed Khodaberdi Sadat
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
МЕЗАР-И-ШЕРИФ (AA) - Повеќе од 100 припадници се убиени и ранети во нападот на талибаните на авганистанската база на подрачјето на Белх на северот на оваа земја, потврдено е од Министерството за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Оружениот напад на 209. Корпус на авганистанската војска се случи вчера во покраината Белх на северот на Авганистан. По повеќечасовните судири неутрализирани се напаѓачи на воена база.
Насратулах Чамсиди, заменик на портпаролот на 209. Корпус на авганистанската војска за АА потврди дека шест униформирани напаѓачи влегоа во базата и отворија оган.
Истакна дека по петчасовните судири се неутрализирани пет напаѓачи, а дека еден е повреден. Чемсиди нагласи дека бројот на мртвите припадници на безбедносните сили сеуште не е востановен.
Еден од војниците, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека загинале околу 100 припадници на безбедносните сили.
Авганистанскиот претседател Ешреф Гани го осуди овој напад.
Од Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) претходно изјавија дека во нападот загинаа повеќе од 50 војници и цивили.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибаните, а гласноговорникот на таа организација Забихулах Мучахит изјави дека се убиени и ранети 500 лица.