Bilgin S. Şaşmaz
10 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ЧИКАГО (АА) – Викендов, во различни настани во американската метропола Чикаго, град со најголем процент на криминал, 3 лица го загубија животот, додека 26-мина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата на Чикаго се вели дека вчера, во југозападиот дел на градот, во подрачјето на Литл Вилиџ, во 04:00 часот според локално време се случиле два настана во период од 20 минути. Во двата настана загинаа две лица, а 1 лице е рането.
Во саботата, во 13:30 часот, во подрачјето на паркот Ист Гарфилд се случил вооружен напад во кој бил ранет Мартел Родс, кој и покрај дадената лекарска помош во болницата во која бил префрлен, им подлегнал на повредите.
Оваа година, во Чикаго се случија повеќе од 500 убиства. Чикаго е град во САД со највисок процент на криминал.