Admir Fazlagic
12 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференција објави дека Обвинителството ја презема првата акција под името "Титаник". Јанева рече дека првиот предмет што о презема ова Обвинителство е поврзано со криминализација на изборниот процецес за опстојување на власт, јавува Anadolu Agency (AA).
Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, која е дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти дека истрагата е отворена за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слобода на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на избирачки материјали, злоупотреба на средства од изборна кампања.
"Дејствијата за кои постои основано сомнение во целост се поистоветуваат со кривични дела за кои може да се изречат затворски казни. Поради ова отворена е истага против повеќе лица за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слобода на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на избирачки материјали, злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања" изјави Фетаи, која во понатамошното излагање подетално го опиша првата акција.
"Имено, во 2012 година осомничените во својство на министер за внатрешни работи, за транспорт и врски, сите членови на комитет на партија заедно со други засега непознати лица искористувајќи го своето реално влијание и службена положба , за натамошно останување на власт на партијата на локално и државно ниво, особено за нивни привилегии за практикување на власта создале група која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето направиле кривични дела за кои казните се три години затвор и повеќе" , истакна обвинителката Фетаи.
Според Фетаи групата сочинила план за придобивање на гласачи преку Министерството за внатрешни работи, како и преку други лица за носење на луѓе од странство, преку насилства во изборната кампања и на изборните денови вршеле притсоци како да се гласа и спречувале остварување гласачко право, нуделе и давале подароци како да гласаат и незаконски користеле пари во изборната кампања. Фетаи нагласи дека осомничените имале конкретни улоги во овие процеси.
СЈО за овие обвинувања предвиде мерка притовор за некои од лицата опфатени со постапката. Според СЈО оваа мерка се превзема поради опасноста да се влијае врз сведоците. Едно лице како што беше соопштено е веќе лишено од слобода поради опасноста да ја напушти Р. Македонија бидејќи поседува двојно државјанство.
СЈО објави дека се покранати обвиненија и против пет судии од Управиот суд како и против 4 членови на ДИК од 2013 година. Со ова постапка за изборна измама опфатени се членови на општинска изборна комисија во Општина Чаир.
Обвинителката која исто така е дел од СЈО, Ленче Ристова, на прес-конференцијата соопшти дека во рамки на акцијата „Титаник“, барања за притвор за осум лица биле доставени утрово.
„Досега од слобода беше лишено само едно лице со двојно државјанство“, изјави Ристова, но не го откри идентитетот на лицето за кое се работи. Таа додаде дека од предистражните постапки кои во СЈО се отворени предистражни постапка за предметот "Маџар Телеком", кој што е побаран од организиран криминал и корупција, предистражна постапка за аферата "Надеж".
Ристова истакна дека во последно време постојат обиди за дискредитација и нарушување на репутација на Специјалното јавно обвинителство од страна на државни институции, политички партии и медиумите за што изрази загриженост.